Правилник за одржување на полу-финале и финале на Роксан Стојанов наградата

ЧЛЕН 1: ДАТУМ И МЕСТО
Роксан Стојанов Награда-та е национален натпревар за млади балетски уметници, организиран од Интерарт Културниот Центар, (во понатамошниот текст: Организатор), со седиште во Скопје, Н. Македонија.
Натпреварот ќе се одржи во петок, 17 април 2026 (сценски подготовки) и сабота, 18 април 2026 (полуфинале, финале и прогласување на победниците) во Скопје на сцената на Македонскиот народен театар.
Уметнички директор: Рисима Рисимкин, Витез на уметностите и книжевноста на Франција
Извршен директор: Матеа Мијановиќ

ЧЛЕН 2: ЦЕЛ НА НАГРАДАТА РОКСАН СТОЈАНОВ
Целта на Наградата „Роксан Стојанов“ е да ги поддржи талентираните млади балетски уметници на нивниот пат кон професионална кариера.

ЧЛЕН 3: НАГРАДА НА РОКСАН СТОЈАНОВ И ЗДРАВЈЕ
Наградата Роксан Стојанов има за цел да им помогне на танчерите да го проценат сопствениот талент и способност за професионална кариера. Исто така, го поддржува верувањето дека оптималните перформанси како професионален танчер бараат добро физичко и психолошко здравје.
Сите кандидати треба да имаат активно здравствено осигурување во моментот на натпреварот.

ЧЛЕН 4: ПРОПОЗИЦИИ ЗА ПОЛУ-ФИНАЛЕ И ФИНАЛЕ НА РОКСАН СТОЈАНОВ НАГРАДА
Прв круг – За жени: задолжителна класична варијација од балетот „Пахита“ – линк / За мажи: задолжителна клаисчна варијација од балетот „Жизел“ – линк
Втор круг – класична варијација по соспствен избор
Трет круг – современа варијација по слободен избор

ЧЛЕН 5: ДОКУМЕНТИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ДОСТАВАТ ДО ОРГАНИЗАТОРОТ НА 29 МАРТ 2026
Сите кандидати треба да достават до Организаторот листа на слободниот избор за класична и современа варијација, со сите детали за кореографите и композиторите (во мк поддршка).
Сите кандидати треба да достават до Организаторот потврда во писмена форма од кореографот и композиторот на современата кореографија, дека авторите дозволуваат изведба на истата за време на натпреварот; дозволуваат снимање и користење на видео материјалите од страна на Организаторот на тие снимки за промотивни цели за самиот натпревар.
Секој кандидат треба да достави квалитетна снимка од музиката за варијациите, на УСБ.
Сите кандидати треба да достават потврда за активно здравствено осигурување во периодот на одржување на натпреварот.
Потребните документи ќе можат да се испратат на мејлот: contact@interart.com.mk

ЧЛЕН 6: ПРИСТАП ДО СЦЕНАТА И НАТПРЕВАРУВАЧКАТА ЗОНА
Родителите и наставниците (максимум 2 лица по кандидат) кои ги придружуваат кандидатите ќе добијат акредитација за пристап зад сцената и за следење на одредени делови од натпреварот. Распоредот ќе биде објавен до крајот на март 2026.
На наставниците не им е дозволено да вежбаат или да работат со своите ученици за време на натпреварот. На наставниците кои не го почитуваат ова правило. нема да им биде дозволено присуство зад сцената.
Снимањето и фотографирањето е дозволено само од филмски работници и фотографи официјално акредитирани од Организаторот на Роксан Стојанов Награда-та.
Фотоапаратите, мобилните телефони или другите уреди за снимање не смеат да се внесат на и зад сцената.

ЧЛЕН 7: ДИМЕНЗИИ НА СЦЕНАТА
Димензиите на сцената на Македонскиот народен театар се: 14 м ширина x 14 м длабочина.

ЧЛЕН 8: ПРОПОЗИЦИИ, ПРОБИ, РАСПОРЕД И ОДНЕСУВАЊЕ НА СЦЕНАТА И НАТПРЕВАРУВАЧКАТА ЗОНА
ПОДГОТОВКИ – 17 АПРИЛ
Секој кандиадат ќе се регистрира при доаѓањето и ќе му биде доделено контакт лице за било каква потреба и прашања.
Секој кандидат треба да пристигне во театарот во утврденото време и да се упати кон означената зона за подготовки за пробата.
Секој кандидат ќе има проба во времетраење од вкупно 20 минути, според точно утврден распоред.
Сите кандидати и нивните придружници, треба да го почитуваат редоследот на пробите на сцената, кој ќе им биде доставен до крајот на март 2026та.
Сите кандидати и нивните придружници треба да се подготвуваат и движат во тишина, на сцената и во натпреварувачката зона, за да не им пречат на останатите кандидати.
Доколку не се пристигне на време, од било кои причини, или постои непримерно однесување и каснење за време на самата проба, кандидатот ќе биде дисквалификуван без можност да учествува понатаму.

ЧЛЕН 9: ФОТОГРАФИИ, ВИЗУЕЛНИ И АУДИОВИЗУЕЛНИ СНИМКИ И НИВНО ЕМИТУВАЊЕ
Сите фотографии, визуелни и аудио-визуелни дела и сите видови снимки од изведбата и учеството на кандидатите на натпреварот, без ограничување во однос на техничките средства што се користат за правење на таквите снимки, се исклучива сопственост на Роксан Стојанов натпреварот. Никакво визуелно или аудио-визуелно снимање на варијациите на кандидатите и учеството на натпреварот не може да се направи без писмено овластување од организаторот. Кандидатите се откажуваат од сите права на таквите снимки направени од организаторот или од трета страна во име на организаторот, нивното емитување, прикажување, дистрибуција или објавување на кој било начин, вклучително и преку веб-страницата на организаторот (www.interart.com.mk). Кандидатите се свесни и се согласуваат дека таквите снимки можат да се користат за комерцијални или промотивни цели, вклучително и од овластени трети страни, без оглед на производите или услугите што се рекламираат. Кандидатите се согласуваат дека спонзорите на организаторот, кои финансираат награди доделени на победниците, можат да користат слики од финалистите и добитниците на наградите во нивните рекламни кампањи. Таквото доделување права од страна на кандидатите на организаторот ќе биде трајно и неповратно, без никакви географски или временски ограничувања. Кандидатите немаат право на какво било плаќање, учество, придонес, такса или друга компензација од каков било вид во врска со таквото доделување на право и со ова се откажуваат од сите права да бараат каква било таква компензација или надомест од организаторот или од трети страни овластени од организаторот да ги користат снимките. Само претставниците на организаторот на Роксан Стојанов натпреварот имаат право да склучуваат договори со телевизиски станици или приватни лица.

ЧЛЕН 10: ТЕЛА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ
Само претставниците на Одборот на Роксан Стојанов натпреварот имаат право на конечни одлуки за какво било отстапување од правилата на натпреварот.
Одлуката на комисијата за избор на кандидати, извлечена од изборот на видео, е конечна и неотповиклива. Во случај на каков било сомнеж во врска со општата здравствена или физичка состојба на кандидатот пред настапот, претставниците на Одборот на Роксан Стојанов натпреварот имаат овластување да одлучат дали кандидатот може да учествува на натпреварот или не.
Одлуките на жирито на натпреварот за избор во финалето во Роксан Стојанов натпреварот, како и распределбата на наградите, се конечни и неотповикливи. Доколку член на жирито е поврзан со училиште или тесно соработувал со кандидат, тој нема право да гласа за кандидати кои доаѓаат од неговото училиште или за кандидатите со кои работел. Кандидатите чие техничко и/или физичко ниво е сметано за недоволно од страна на жирито, може да бидат замолени да се повлечат од натпреварот во секое време.

ЧЛЕН 11: ЖИРИ
Жирито на натпреварот на Роксан Стојанов натпреварот се состојат од меѓународно признати личности од светот на танцот. Список на членовите на жирито на натпреварот и детали за системот за евалуација на натпреварот може да се видат на следниот линк.

Сподели