Матеа Мијановиќ


Извршен и уметнички директор на Интерaрт Културен Центар и Танц Фест Скопје

Матеа Мијановиќ е скулптор, сценограф и менаџер во културата, со повеќе од петнаесет години искуство во продукција и организација на уметнички програми. Од 2024 година е директор на Интерарт Културниот Центар и на Танц Фест Скопје, продолжувајќи ја мисијата за унапредување и интернационална промоција на современиот танц во Македонија.

Во Интерарт работи од 2009 година, прво како асистент, а потоа како проектен менаџер и извршен директор на Танц Фест. Под негово водство се реализирани десетици продукции, ко-продукции, меѓународни турнеи и проекти на Скопје Танцовиот Театар, фестивали, едукативни настани, платформи и изложби.

Мијановиќ е автор и координатор на повеќе оригинални културни проекти, меѓу кои:

  • Инкубатор – платформа за млади уметници, поддржана од Швајцарската амбасада,
  • Протоген – Прва колонија за применета уметност, поддржана од Министерството за култура,
  • Современ стар град, проект за ревитализација на културното наследство на Скопје.

Во 2021 година ја води реставрацијата на Куќата на Соколови во Кратово, заштитен споменик на културното наследство, во рамките на проектот на Светска банка. Автор е и на ентериерниот/мебел дизајн на куќата.

Паралелно, активно работи како сценограф и визуелен уметник – неговите сценографии и просторно дизајнирани дела се препознатливи по минималистичкиот и концептуален пристап што ја поврзува визуелната и изведувачката уметност.