РИСИМА РИСИМКИН


Основачка, член на Управниот одбор и уметнички советник на Интерарт и Танц Фест Скопје
Доктор на науки, Редовен професор на Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и основач на Катедрата за современ танц

Рисима Рисимкин е една од највлијателните кореографки и визионерки во современиот танц на Балканот, со повеќе од 45 години активно творештво и бројни меѓународни признанија.

Како основачка на Интерaрт Културниот Центар (1996) и Танц Фест Скопје (2005), таа постави темели на современата танцова сцена во Македонија и го поврза локалниот контекст со европските платформи.

Паралелно со нејзината уметничка кариера, Рисимкин е редовен професор и доктор на науки, на Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и основач на Катедрата за современ танц, развиена во партнерство со CODARTS – Rotterdam Dance Academy (Холандија). Преку овој програм, создадава генерации танчери и кореографи кои денес ја претставуваат македонската танцова уметност на европските сцени.

Меѓународна кариера и гостувања

Како авторка на над 50 оригинални претстави, нејзините дела се изведувани на престижни сцени ширум светот, а некои од нив се:

  • Théâtre National de Chaillot – Париз, Франција
  • Holland Dance Festival – Хаг, Холандија
  • Battery Dance Festival – Њујорк, САД
  • National Ballet of Antalya – Турција
  • Beijing International Dance Festival – Кина
  • Solo Dance Festival – Анкара, Турција
  • Share Festival – Братислава, Словачка
  • Maritime Silk Road Festival – Кина

Нејзината претстава „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ (2020), изведена во 2022 година на сцената на Националниот театар за современ танц „Chaillot“ во Париз, доби исклучителни критики од европската танцова јавност. Делото беше оценето како „пластично и визионерско истражување на идентитетот преку движење“ (Un Fauteuil pour l’Orchestre, Париз), а Рисимкин беше пофалена за нејзиниот сопствен, авангарден кореографски јазик кој ги поврзува поетиката, телото и современата сценска естетика.

Со ова гостување, таа стана првата македонска кореографка која настапила на оваа престижна сцена, со што го потврди своето место меѓу најистакнатите европски уметници во областа на современиот танц.

Рисимкин е поранешен член на Управниот одбор на CID UNESCO – Меѓународен совет за танц, добитничка на бројни национални и европски признанија.

Уметничко влијание

Нејзиниот богат опус и критичкиот прием во Франција, Германија и САД ја позиционираат како една од највлијателните фигури на современата танцова сцена во регионот, а нејзиниот кореографски стил често се опишува како автентична македонска авангарда со сензибилитет блиску до естетиката на европската неоекспресија.

Награди и признанија

Во својата повеќедецениска кариера, Рисима Рисимкин е добитничка на бројни национални и меѓународни признанија за својот исклучителен придонес во уметноста, културата и европската соработка. Во текот на 2025та година, Рисимкин беше одликувана со следните награди:

Chevalier de l’Ordre des Arts et des Lettres (Витез на Орденот на Уметностите и Книжевноста)

Во февруари 2025 година, Рисимкин беше одликувана со Орденот на Уметностите и Книжевноста на Француската Република, престижно признание на Министерството за култура на Франција, за нејзиниот извонреден придонес во развојот на современиот танц, културната соработка меѓу Франција и Македонија, и афирмацијата на европските вредности преку уметноста.
Официјално соопштение – Амбасада на Франција во Скопје

Европска личност на годината

Во 2024 година, Европското движење во Република Северна Македонија ѝ ја додели титулата Европска личност на годината, во признание за нејзиниот придонес во градење европски културни мостови и интернационална промоција на македонската современа уметност.
Официјално соопштение – European Movement

Награда „Ѓорѓи Македонски“

Добитник на првата награда „Ѓорѓи Македонски“, која и беше доделена на петтиот фестивал за балестка уметност и современ танц во организација на ЈУ Детски културен центар Карпош.


Овие признанија ја позиционираат Рисимкин како една од најистакнатите уметнички личности од Македонија на европската сцена, чиј творечки и едукативен ангажман ја претставува земјата со интегритет, авангардна визија и посветеност кон културниот дијалог.

Избрани кореографски дела

„Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ (2020) – Скопје Танцов Театар / Танц Фест Скопје
„Котел“ (2017) – Holland Dance Festival, Хаг
„Орландина“ (2018) – Танцов театар Љубљана, Словенија
„Надеж“ (2013) – Национален балет на Анталија, Турција
„Егзистирање“ (2018) – Интернационален фестивал за танц, Пекинг
„Р.Е.М. – Низа од соништа“ (2016) – Nine Contemporary Dance Company, Пекинг
„Во рајските полиња“ (2013) – Амстердам, Холандија
„О!(Тело)“ (2014) – Скопје Танцов Театар / Млад Отворен Театар
„Болеро“ (1993) – Скопско лето

Контакт и биографија

За прашања поврзани со уметнички консултации, продукциски соработки или предавања,
контактирајте ја Рисима Рисимкин директно на: risimarisimkin@gmail.com.