БУДЕЊЕ | Рисима Рисимкин | Танц Фест 2026

Будење е силна ансамблска претстава која ги истражува односите помеѓу индивидуалниот и колективниот идентитет, низ телото како простор на трансформација, отпор и емоција.

25 април 2026 | 21:00 | МНТ

За претставата

„Будење“ е колективна сценска композиција која ги истражува меѓучовечките односи и начинот на кој се формираат, одржуваат и распаѓаат моделите на однесување во современото општество.

Претставата се занимава со структурата на стереотипите и социјалните улоги што ги прифаќаме — често несвесно — и нивната постепена деконструкција. Преку динамичен сценски јазик, телата на танчерите стануваат носители на лични приказни, емоции и внатрешни конфликти.

„Будење“ не е само момент на освестување, туку процес — во кој идентитетите се преиспитуваат, се распаѓаат и повторно се создаваат. Делото ја истражува тензијата помеѓу индивидуалното и колективното, откривајќи како личното искуство станува дел од заедничка сценска реалност.

Преку силна ансамблска енергија и прецизна кореографска структура, претставата создава интензивно и емотивно сценско искуство што го отсликува современиот човек во процес на постојана трансформација.

Уметнички Тим

  • Кореографија и режија: Рисима Рисимкин
  • Музика: Тони Китановски
  • Костими: Благој Мицевски
  • Дизајн на сцена: Матеа Мијановиќ
  • Асистент-репетитор: Сара Димовска
  • Изведувачи:  Адријана Данчевска Ровчанин, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Сара Димовска, Нина Петрушевска, Лука Ѓорѓиевски, Давор Милев, Михаела Колцунова, Теона Ѓуревска, Надја Луканова, Ивона Манасиевска, Елена Терзиева, Миа Петровиќ, Марија Андовска, Мила Ангелова, Аника Андоновска, Анеса Бектеш, Нина Ташкова, Ејул Јилмазчобан, Јана Ѓоршовска, Моника Ѓоргиева, Теона Голчева, Ивана Ралев, Евгенија Павловиќ, Евгенија Симоновска, Небеска Шумковска, Теона Димитриевска, Кристина Петрова, Кристина Коцевска, Мила Атанасова, Ана Митревска
  • Продукција: Скопје Танцов Театар, 2026
  • Програма: Скопје Танцова Платформа
  • Благодарност до ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” – Балетски оддел за соработката

Рисима Рисимкин

Рисима Рисимкин е една од највлијателните кореографки и визионерки во современиот танц на Балканот, со повеќе од 45 години активно творештво и бројни меѓународни признанија. Како основачка на Интерaрт Културниот Центар (1996) и Танц Фест Скопје (2005), таа постави темели на современата танцова сцена во Македонија и го поврза локалниот контекст со европските платформи.

Паралелно со нејзината уметничка кариера, Рисимкин е редовен професор и доктор на науки, на Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и основач на Катедрата за современ танц, развиена во партнерство со CODARTS – Rotterdam Dance Academy (Холандија). Преку овој програм, создадава генерации танчери и кореографи кои денес ја претставуваат македонската танцова уметност на европските сцени.

Нејзиниот авторски пристап се карактеризира со силна физичност, емотивна длабочина и истражување на идентитетот, општествените структури и човековата состојба. Со бројни меѓународни соработки и продукции, таа создава дела кои ја поврзуваат локалната сцена со европскиот контекст.

Линкови и социјални мрежи

Галерија / видео

Сподели