Францускиот институт во Скопје и „Танц фест”, по повод отворањето на 22. издание на „Танц фест” и воспоставувањето на првото издание на наградата „Роксан Стојанов“, oрганизираат ексклузивна гала вечер со настапот на Ѕвездата на Париската опера, Роксан Стојанов, во сабота, 18 април 2026, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар.
Натпреварот за наградата „Роксан Стојанов“, со учество на сите 13 учесници, ќе одржи истиот ден, в сабота 18 април, претпладнето, во МНТ. Жири-комисијата за наградата „Роксан Стојанов“ е состав: г-ѓа Роксан Стојанов, ѕвезда на Париската опера, г-дин Антонио Конфорти, солист на Париската опера, г-ѓа Сандра Мијалкова, примабалерина на НОБ, Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Франција, и проф. д-р Рисима Рисимкин, кореографка и уметнички директор на натпреварот.
Од сите 13 учесници, ќе биде направен потесен избор од најдобри пет финалисти, коишто ќе настапат на гала вечерта во МНТ и ќе се натпреваруваат за еднонеделен професионален престој во Париз, во месец јули 2026, под менторство на Роксан Стојанов.
Натпреварот е под покровителство на Претседателката на Републиката, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова.
Роксан Стојанов е исклучителна уметница, со македонско потекло, чија кариера започнала во Скопје, а врвните достигнувања ги остварила во Европа, но и пошироко во светот. Во декември 2024 е прогласена за Ѕвезда на Париската опера, највисоко уметничко признание на оваа светска реномирана институција.
На 21. издание на „Танц фест“ во 2025 година, таа ја доби македонската награда МЕНАДА за особен придонес во областа на танцот.




