На иницијатива на примабалерината и ѕвезда на Париската опера, Роксан Стојанов се воспоставува награда РОКСАН СТОЈАНОВ за млади балетски уметници.
„Сакам да им дадам вистинска можност на младите балерини и балетани, да веруваат во себе, да ги следат своите соништа и да откријат колку далеку може да ги одведе страста. Танцот бара многу, но е и уметност на споделување. На мојот пат имав среќа што многумина ме поддржаа и ме инспирираа. Сега и јас сакам да пренесам нешто од тоа, да отворам врати и да бидам поддршка за новата генерација таленти“ – Роксан Стојанов.

Наградата Роксан Стојанов, има отворен повик на кој ќе можат да се пријават сите заинтересирани кои ги исполнуваат критериумите.
На 18 април 2026 на сцената на Македонскиот народен театар ќе се одржи натпревар за наградата Роксан Стојанв, во присуство на интернационално жири.
Добитникот на наградата ќе оствари еднонеделен престој во Париз, под менторство на Роксан Стојанов, во кој ќе има балетски часови, посета на балетски претстави, како и запознавање во главниот град.
Роксан Стојанов – Ѕвезда на Париската Опера
Роксан Стојанов е исклучителна уметница, која ја започна својата танцова кариера во Скопје пред да продолжи со своето образование во различни европски школи. Потоа се вклучи во Училиштето на Париската опера, каде се истакна со својот талент и уметничка дисциплина. Во декември 2024, таа беше прогласена за Ѕвезда на Париската опера, а во април 2025 година ја доби наградата МЕНАДА, на 21-ото издание на Фестивалот „ТАНЦ-ФЕСТ”, за нејзиниот особен придонес во областа на танцот.
Низ целата своја кариера, Роксан Стојанов толкуваше дела од класичниот и современиот репертоар на Париската опера, настапувајќи на меѓународни сцени во Европа, Америка и Азија.
Правилник
Конкурсот е наменет за млади танцови уметници од 16 до 20 години, државјани на Република Северна Македонија.
Кандидатите треба да имаат најмалку 16, а најмногу 20 години на денот на одржување на натпреварот (18ти Април 2026).
Сите апликанти кои не ги исполнуваат условите ќе бидат дисквалификувани.
Како да се пријавите на натпреварот :
Сите заинтересирани кандидати треба да аплицираат на следниот формулар или на електронската адреса contact@interart.com.mk, најдоцна до 31 декември 2025 23:59
- Видео со танцова презентација по избор, во времетраење од максимум 2 минути
- Биографија и
- Мотивационо писмо
Сите кандидатури ќе бидат оценувани од страна на професионално жири.
Одбраните кандидати ќе бидат известени најдоцна до 25 јануари 2026.
Прашања поврзани со апликацијата
Сите прашања може да се постават на следниот линк или на електронската адреса contact@interart.com.mk.
Наградата РОКСАН СТОЈАНОВ е во организација на Културниот центар Интерарт од Скопје, во партнерство со Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција
Уметнички директор на наградата Роксан Стојанов: Проф. Д-р Рисима Рисимкин
Генерален директор на наградата Роксан Стојанов: Матеа Мијановиќ

Слики од доделувањето на Наградата Менада за особен придонес во танцот, на отворањето на 21вото издание на Танц Фест во Македонскиот Народен Театар, 29ти Април 2025.




