Дали си подготвен/а да го направиш следниот чекор во својата танцова кариера?
Со задоволство го објавуваме јавниот повик за аудиција за магистерските студии по современ танц – кореографија или педагогија, со почеток во октомври 2025 година.
📍 локација:
Скопје, Северна Македонија
📅 Клучни датуми:
- Датум на аудиција: 31 мај 2025 година
- Рок за пријавување: 20 мај 2025 година
за програмата
Магистерската програма по современ танц на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип претставува единствена можност да го продлабочиш своето уметничко и теоретско знаење во областа на танцот, со фокус на кореографија, педагогија и изведба.
Програмите се наменети за професионалци кои сакаат да ги унапредат своите вештини во современата танцова кореографија или педагогија, со едногодишни и двегодишни студиски траектории, зависно од претходното образование.
Master of Arts in Contemporary Dance Choreography
Програмата ги опфаќа следниве предмети:
- Кореографија
- Сценографија
- Лабанова анализа на движење
- Теорија на танцот
- Историја на костим
- Светска музика и теорија на изведувачки уметности
Master of Arts in Contemporary Dance Education
Програмата ги опфаќа следниве предмети:
- Методологија на техники на современ танц
- Методологија на класичен балет
- Лабанова анализа на движење
- Теорија на танцот
- Историја на костим
- Светска музика и теорија на изведувачки уметности
Наставата ја изведуваат искусни професори, а студентите ќе имаат можност да работат и со гостински професори и кореографи во текот на програмата.
Преку комбинација на теорија и практична работа, студентите активно ќе бидат вклучени во професионалниот свет на танцот, работејќи заедно со Скопје танцов театар (SDT) и учествувајќи на Танц Фест Скопје.
Соработка со Скопје танцов театар
Во рамките на наставната програма, студентите ќе работат со Скопје танцов театар (SDT), стекнувајќи практично искуство преку подготовка на професионални продукции и настапи во земјата и во странство.
Покрај тоа, партнерствата со меѓународни танцови академии во Европа, САД и Кина нудат извонредни можности за студентски размени и меѓународна видливост.
Кој може да аплицира?
- Кандидатите треба да имаат завршено високо образование од прв циклус студии (диплома или еквивалент).
- Потребно е присуство на аудиција која ќе се одржи на 31 мај 2025 година во Скопје.
- Сите регистрирани кандидати ќе имаат онлајн интервју пред аудицијата.
Како да аплицирате
Испратете ги следниве документи на risima.matevska@ugd.edu.mk до 20 мај 2025 година:
- Биографија (CV)
- Кратко видео-презентација (до 2 минути)
- Мотивациско писмо
трошоци
- Школарина €1600 годишно
КОНТАКТ
За повеќе информации и прашања:
📩 Адријана Данчевска — асистент-професор
adrijana.danchevska@ugd.edu.mk
Посетете ја веб страната: https://fa.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi/vtor-ciklus
Ова е твојата шанса да станеш дел од врвна европска академија за танц, да го истражиш својот уметнички потенцијал и да го обликуваш иднината на танцот – во кореографијата и образованието.
Со нетрпение те очекуваме во Скопје!




