Мисија и визија

Скопје танцовиот театар во 2022 година оствари историско гостување со претставата „Идентитети- Историја на еден растегнат сон“ на Рисима Рисимкин, на една од најпрестижните светски сцени, Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз, Франција. Француската критика претставата ја наслови како „брилијантна претстава на авангарден кореограф (Рисима Рисимкин). Сите изведби на претставата беа проследени со овации.

Скопје танцовиот театар е првата официјална современа танцова компанија во нашава земја, основана во 2011 година ипредводена од кореографката Рисима Рисимкин, како оснивач и уметнички директор. Компанијата во континуитет, активно работи на создавање, промоција и презентација на современата танцова уметност кај нас, како и нејзин пласман на светската танцова сцена. Работата на овој театар промовира нова естетика кај нас и се бави со истражување и продукција во областа на современиот танц.