Скопје Танцовиот Театар се враќа во Верона со Д (како Дездемона)

Со најновата современа танцова продукција „D (како Дездемона)“, во кореографија на Рисима Рисимкин, Скопје Танцов Театар повторно ќе настапи во Верона. Настанот ќе се одржи во сабота, 13 септември 2025, како дел од ETV Shakespeare Academy Festival.
По распродадената претстава „Lady Macbeth“ во 2023 година на истотото место во Верона, која ја освои публиката и критичарите, „D (како Дездемона)“ продолжува со истражувањето на женските ликови од Шекспир преку современиот танц. Претставата ја реинтерпретира „Отело“ од перспектива на Дездемона, нагласувајќи теми како предавство, манипулација и издржливост.
Verona and Beyond
Скопје Танцов Театар не е странец во Верона. Нивната претходна продукција „Lady Macbeth“ (дел од Shakespeare Trilogy) беше изведена на Verona Shakespeare Fringe Festival, пред преполна сала.

Запознајте ја РИСИМА РИСИМКИН и СКОПЈЕ ТАНЦОВ ТЕАТАР
По претставата, публиката е поканета на Q&A и Meet & Greet во лобито на Teatro Camploy со кореографката Рисима Рисимкин и танчерите — уникатна можност за размена на мислења, прашања и приближување кон креативниот процес.
Што велат критичарите
„Универзална претстава која вибрира со внатрешен ритам и е носена од физичкиот израз и посветеноста на танчерите… поетска, трагична и хипнотички прекрасна.“
— — Лаша Чхкартшвили, TheatreLife.ge
„Претстава за предавство, манипулација и кревкоста на довербата… со импресивна сценографија и извонредни изведби.“
— Јована Матевска-Атанасова, Kultura24.mk
„D (како Дездемона)“ е продукција на Скопје Танцов Театар и Интерарт Културен Центар, а оваа турнеја е поддржана од Универзитетот „Гоце Делчев“ со проектот УГД – Чекор кон светот.



