ГРИЗЕЊЕ ја разоткрива поетиката на телото низ танц што не мирува, туку трепери, се двоуми и се гризе самиот себе.
24 Април | 20:00 | НОБ
За претставата
Времетраење: 30 минути
ГРИЗЕЊЕ е кореографско дело на Александра Петрушевска, изведено од и создадено во соработка со Тереза Лазарев, на музика од Александар Гроздановски. Солото е резултат на нивната долгогодишна соработка и континуиран отпор кон доминантните форми во танцот и музиката.
Телото влегува во прецизни, скулптурални позиции и веднаш ги распаѓа. Преку саморефлексија и самоподбив, танцот открива желба за постојано преиспитување на интенции, квалитети и позиции, но истовремено се обидува да ја сокрие кревкоста што произлегува од несигурноста во она што следи.
ГРИЗЕЊЕ ја разоткрива поетиката на телото низ танц што не мирува, туку трепери, се двоуми и се гризе самиот себе.
Уметнички тим
Кореографија: Александра Петрушевска
Изведена од и создадена со: Тереза Лазарев
Музика: Александар Гроздановски
Костим и шминка: Александра Петрушевска
Светло: Александра Петрушевска
За авторите