Мокап Работилница со Жил Жобен и Студио 44

Cie Gilles Jobin / Studio 44 MocapLab

Танц Фест 2026 | DANCETECH

https://www.gillesjobin.com/en/
https://studio44mocaplab.com

23 април | 11:00 – 16:00
МКЦ, Танцова сала

Како дел од програмата DanceTech, Танц Фест 2026 е домаќин на Pop-up Mocap Lab – работилница предводена од Cie Gilles Jobin и реализирана со поддршка на Qualisys. Тимот во Скопје ја носи својата комплетна motion capture опрема за да ги запознае локалните и гостинските уметници, како и техничките професионалци, со основите на motion capture технологијата и дигиталната изведба. Работилницата комбинира практична демонстрација на 23 април со теоретски и колаборативни сесии. Работејќи со професионален motion capture систем, учесниците ќе истражуваат како движењето се снима и се пренесува во виртуелни средини, отворајќи нови можности за кореографија, соработка и интердисциплинарно творештво помеѓу танцот, технологијата и дигиталните медиуми.

Жил Жобен, директор и кореограф
Сузана Панадес Дијаз, танчерка, кореографка и координаторка за движење во motion capture
Адријан Барилие, креативен технолог, развивач и motion capture специјалист

Содржина

  • Презентација на оптички motion capture систем
  • Калибрација на системот и изведувачот
  • Motion capture и game engine
  • Демонстрација во живо на motion capture системот
  • Користење виртуелна камера
  • Презентација на технологијата и алатките зад изведбата RESET!

Распоред

11:00 – Презентација на motion capture системот, mocap оделата, калибрација…
11:30 – Поврзување на motion capture системот со game engine, аватари во реално време и сл.
12:00 – Демонстрација на Mocap проектот „Film Noir“ од Сузана Панадес Дијаз
12:30 – Прашања и одговори
13:00 – Пауза за ручек
14:00 – Практична работа: виртуелна камера во Film Noir
15:00 – Демонстрација на RESET! со танчерите на компанијата
16:00 – Крај на работилницата

По работилницата следува изведбата на RESET! Beasts and Demons со почеток во 19:00 часот во Танцовата сала на МКЦ.

Сподели