
Танц Фест 2026 | Примиера
23 Април | 20:00 | Национална Опера и Балет
Скопје Танцова Платформа / Денови на македонски кореографи
/
23 Април | 20:00 | Национална Опера и Балет
За претставата
Делото произлегува од потребата на кореографката да го истражи моментот кога работите речиси функционираат — но никогаш целосно. Танчерите се обидуваат да воспостават ред, да се синхронизираат, да пронајдат логика. Но секогаш нешто им излегува од контрола.
Токму во тој обид се појавува апсурдот — не како хаос, туку како состојба во која сè е „речиси“ на своето место. Преку движење, текст и хумор, се отвора простор каде несовршеноста станува искрена, а недоразбирањето — човечко.
Можеби и не е важно дали сè има смисла.
Доволно е што се обидуваме.
Уметнички тим
- Кореографија: Саша Евтимова
- Музика: избор
- Костим: Саша Евтимова
- Изведувачи: Нина Петрушевска, Михаела Колцункова, Наѓа Луканова, Теона Ѓуровска, Миа Петровиќ, Ивона Манасијевска, Елена Терзиева, Марија Андонова, Мила Ангелова
За Саша Евтимова
Саша Евтимова е балетска уметница, кореографка и педагог чија работа ги поврзува класичниот и современиот танц. Со меѓународна кариера како изведувач, таа има соработувано со бројни компании и уметници, развивајќи силен авторски израз заснован на дисциплина и експресија.
Како педагог и ментор, таа е посветена на развојот на нови генерации танчери, нагласувајќи го танцот како универзален јазик кој ги поврзува луѓето и поттикнува емоционално и културно разбирање.
Links & Social Media
Видео / Галерија
/



