Мувинг Балканс Шоукејс за современ танц 2026: Одбрани Уметници, дела и Денс Скејп

13–16 мај 2026 • Нови Сад, Србија

Со задоволство споделуваме повеќе информации за уметниците и делата што ќе бидат претставени на второто издание на Moving Balkans Contemporary Dance Showcase 2026, кое ќе се одржи од 13 до 16 мај 2026 година во Нови Сад, Србија.

Обединувајќи водечки гласови на современиот танц од балканскиот регион, ова четиридневно showcase-издание ќе понуди курирана програма од перформанси, средби и професионална размена, позиционирајќи го Нови Сад како живо и значајно место за средба на современиот танц.

На програмата ќе бидат претставени 10 селектирани уметници и нивни дела, како и 6 Dance Scape уметници, нудејќи разновидна програма на естетики, формати и уметнички пристапи што ја обликуваат современата танцова сцена на Балканот. Програмата е наменета за меѓународни презентери, куратори, продуценти и танцови професионалци, како и за локалната и регионалната публика.

СЕЛЕКТИРАНИ УМЕТНИЦИ И ДЕЛА

Шоукејс програмата ќе вклучи 10 изведби во живо, внимателно селектирани за да ја истакнат богатоста и разновидноста на современиот танц во регионот. Претставените кореографи/колективи и нивните дела се:

Ења Белак и Кристина Пелдова (Словенија)
Илиас Хацигеоргиу (Грција)
Александра Михаела Данкс и Влад Бенеску (Романија)
Адријана Данчевска Ровчанин, Скопје танцов театар (Северна Македонија)
Дејан Георгиев (Бугарија)
Ермира Горо (Грција)
Коста Каракашјан, Каракашјан и уметници (Бугарија)
Хара Коцали (Грција)
Џиневра Панцети и Енрико Тикони, Студио Contemporary Dance Company (Хрватска)
Марта Рак (Хрватска)

Прочитајте повеќе за делата тука

DANCE SCAPE УМЕТНИЦИ

Покрај овие продукции, програмата ќе вклучи и шест Dance Scape кои ќе учестуваат во пичинг сесии за проекти, кои ќе им овозможат на уметниците да ги претстават своите идеи пред меѓународна мрежа на куратори, продуценти и фестивалски претставници.

Dance Scape уметниците за ова издание се:

Кристина Алексова, Виа Негатива (Словенија)
Мадалина Дан (Романија)
Џанан Јучел Пекичтен (Турција)
Неда Ружева, Тревога (Бугарија)
Александрос Ставропулос (Грција)
Соња Стојановиќ (Србија)

Прочитајте повеќе за Dance Scape уметниците тука

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ И АПЛИКАЦИИ ЗА ДЕЛЕГАТИ

Дополнителни информации за Moving Balkans Contemporary Dance Showcase 2026, вклучувајќи ја целосната програма, локациите, распоредот и придружните активности, ќе бидат објавени наскоро. Танцовите професионалци, презентери, куратори и продуценти се поканети да ги следат следните објави, бидејќи информациите за учество и регистрација на делегати ќе бидат споделени во наредните недели.

За повеќе информации за Moving Balkans Contemporary Dance Showcase, селектираните уметници и претстојните активности, посетете ја веб-страницата www.movingbalkans.eu или контактирајте нè на info@movingbalkans.eu.

За Moving Balkans

Moving Balkans Платформата за современ танц обединува голем број од водечките танцови организации од Балканот. Преку фестивали, работилници и турнејски програми, Moving Balkans има за цел да поттикне иновации, да создаде можности за уметничка размена и да изгради жива и поврзана мрежа на современиот танц во регионот.

Ставовите и мислењата изразени овде се исклучиво на авторите и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската Унија или Европската извршна агенција за образование и култура. Европската Унија ниту органот што го доделува грантот не можат да се сметаат за одговорни за нив.

Проектот е поддржан од: Националниот културен фонд на Бугарија, Министерството за култура на Словенија, Град Љубљана, Министерството за јавна администрација на Словенија, Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска, Град Загреб, Министерството за култура на Романија и Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Сподели