30 години во движење

НОВОСТИ И ИЗВЕСТУВАЊА

Актуелно од светот на современиот танц

3 столба во работата на Интерарт Културниот Центар

Интерарт е двонасочен мост што ги поврзува најдобрите светски достигнувања во современиот танц со македонската сцена. Преку Танц Фест Скопје и други програми, претставуваме врвни уметници и дела што инспирираат дијалог, размена и нови перспективи.

Креираме дела со врвни уметнички и технички стандарди, реализираме турнеи и ко-продукции, и поддржуваме млади уметници во создавање на сопствени авторски проекти. Преку продукцијата, Интерарт гради континуитет на современата уметност во Македонија и пошироко.

Интерарт развива работилници, резиденции и едукативни програми кои ги поврзуваат младите со меѓународната сцена. Преку практична обука, истражување и менторски процес, ја поддржуваме следната генерација креативни и независни уметници.

ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

Првиот и најголем меѓународен фестивал за современ танц во земјата

СКОПЈЕ ТАНЦОВ ТЕАТАР

Првата и континуирано активна професионална компанија за современ танц во Македонија

СКОПЈЕ/ШТИП
ТАНЦОВА АКАДЕМИЈА

Првата акредитирана универзитетска програма за современ танц во Македонија – сега дел од “Универзитетот Гоце Делчев”

Проекти, партнерства и членства

Во последните три децении, изградивме партнерства со водечки институции и фестивали, преку кои Интерарт ја позиционираше Македонија на меѓународната мапа на современиот танц, овозможувајќи им и на македонските уметници активно учество во глобалната размена и мобилност.
Интерарт е член на европски мрежи како Moving Balkans и Dance Festivals Network Europe, и е партнер во Visiting Artist Programme.

Покровители, партнери и пријатели на фестивалот