Прва годишна средба на Европската мрежа на танцови фестивали (Dance Festivals Network Europe)

Европската мрежа на танцови фестивали (Dance Festivals Network Europe) ќе ја одржи својата прва годишна средба во рамки на фестивалот Dansa Valencia, од 9 до 11 април 2025 година.
Мрежата претставува коалиција на европски танцови фестивали посветени на развојот на современиот танц како двигател на одржлива, инклузивна и иновативна иднина. Дел од оваа мрежа е и Танц Фест Скопје.
