Скопје ТАНЦОВ Театар

Скопје Танцов Театар е првата компанија за современ танц во Северна Македонија, која континуирано работи од своето основање во 2011 година и продуцира неколку премиери годишно. компанијата е основана и уметнички водена од светски реномираната македонска кореографка рисима рисимкин, под организација на Интерарт Културниот Центар.

Водени од страста за иновација и уметничка извонредност, театарот има создадено повеќе од 80 оригинални дела во текот на своето 15 годишно постоење. Со својата посветеност, Скопје Танцовиот Театар изгради живописна платформа за современ танц во регионот — развивајќи нови таленти, обликувајќи уметнички наративи и носејќи ја македонската танцова уметност на меѓународни сцени.

Историски момент се случи во 2022 година кога компанијата настапи на престижниот Национален театар за современ танц „Шајо“ во Париз. Изведбата на Identities – The Story of a Stretched Dream, во кореографија на Рисима Рисимкин, беше пофалена од париската критика како „блескаво дело на авангардна кореографка“. Овој настап претставуваше не само голем успех за компанијата, туку и горд момент за македонската современа уметност на глобалната сцена.

Во текот на годините, Скопје Танцовиот Театар настапи на некои од најреномираните сцени и фестивали во светот, меѓу кои Battery Dance Festival во Њујорк, Holland Dance Festival во Хаг, Meet in Beijing Festival во Кина, Verona Shakespeare Fringe Festival во Верона, Италија, и многу други низ Европа и Азија.

Платформа за млади уметници

Покрај изведбите, Скопје Танцов Театар игра клучна улога во развојот на новата генерација танцови уметници.
Секоја година, студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип имаат можност за пракса и учество во продукции на компанијата, стекнувајќи неопходно сценско искуство и настапувајќи на значајни настани како Танц Фест Скопје. Преку богатата програма на уметнички разменски проекти, креативни резиденции, продукции и работилници што ги организира Интерарт Културен Центар, студентите и младите танчери добиваат алатки за развој на својата уметност и можности за проширување на своите хоризонти на меѓународно ниво.

Визија за иднината

Скопје Танцов Театар продолжува да се развива, останувајќи верен на својата мисија за иновација, соработка и културна размена.
Со секој нов проект, компанијата се стреми да ги помести границите на современиот танц, да создава нови уметнички јазици и да ја поврзува публиката преку универзалниот јазик на движењето.

Поддржете ја уметноста, инспирирајте промена

Секоја наша претстава е мост меѓу култури, соништа и генерации.
Ве покануваме да бидете дел од ова патување — со поддршка на продукција, уметник или изведба, вие придонесувате за обликување на иднината на современиот танц и за афирмација на македонската култура на светската сцена.

Заедно, ја движиме културата напред.

нОВОСТИ И СООПШТЕНИЈА

  • Прва годишна средба на Европската мрежа на танцови фестивали (Dance Festivals Network Europe)

  • Рисима Рисимкин одликувана со титулата Витез на уметностите и книжевноста од Француската Република

  • Танцовата работилница Moving Balkans обедини меѓународни таленти во Скопје

  • Moving Balkans отворен повик за уметници!