Отворени пријави за делегати за Мувинг Балканс Шоукејс 2026

13–16 мај 2026, Нови Сад, Србија

Со големо задоволство ги отвораме пријавите за делегати за изданието 2026 на Мувинг Балканс Шоукејс за современ танц. Овој пролетен настан во Нови Сад ќе ги истакне смелите кореографски гласови, новите таленти и водечките професионалци од целиот Балкан.

Со учество како делегат, ќе добиете директен пристап до инспиративна програма со современи танцови претстави, уметнички пичинг-сесии и професионална размена. Ова е единствена можност за запознавање со колеги од областа, откривање нови дела и градење врски во регионалната и меѓународната танцова заедница.
Ве молиме имајте предвид дека, поради ограничен капацитет, може да биде прифатен само еден делегат по организација, поради што се препорачува навремена пријава.

Што да очекувате?

Внимателно курирана селекција на претстави и Денс Скејп пичинг-сесии ќе понудат увид во разновидноста и виталноста на современиот танц на Балканот. Паралелно со уметничката програма, ќе бидат организирани посебни моменти за вмрежување, создавајќи простор за дијалог, соработка и идни партнерства.

ПОВЕЌЕ ЗА ПРЕТСТАВИТЕ
ПОВЕЌЕ ЗА ДЕНС СКЕЈП ПИЧИНГ-СЕСИИТЕ

Клучни информации

Датуми: 13–16 мај 2026
Локација: Нови Сад, Србија
Котизација за пријава: 55 €*

Котизацијата вклучува:
– пристап до сите шоукејс претстави
– пристап до специјални хотелски цени
– еден оброк дневно
– пристап до настани за вмрежување, собири и забави

Дополнителни можности во регионот

Учесниците кои ќе пристигнат од 12 мај или ќе останат до 17 мај ќе можат да учествуваат во ко-продукциска програма која поддржува прекугранична соработка, уметничка размена и создавање нови современи танцови дела.
Ќе бидат презентирани 5 ко-продукции на Мувинг Балканс на 12 и 17 мај, а локациите и времињата ќе бидат дополнително објавени.

Танцови настани во регионот

Оние кои ќе го продолжат својот престој ќе можат да посетат и други значајни танцови настани во регионот:

Превоз од Аеродром Белград до Нови Сад

Можете да организирате трансфер од аеродром до град преку Аутотурист, а при резервирањето ве молиме да ја внесете напомената МУВИНГ БАЛКАНС во полето „Други прашања“.
Еден ден пред патувањето ќе добиете порака со можности за индивидуално или заедничко патување со други патници, што ќе ја одреди и цената на превозот.

Ве молиме имајте предвид дека оваа услуга е опционална и на сопствен трошок:

ОРГАНИЗИРАЈ ГО ТРАНСФЕРОТ ТУКА

Со нетрпение очекуваме да се видиме во мај!

Формулар за пријава:
https://forms.gle/34UKNhtS5CeqQ3B78

* Котизацијата за пријава изнесува 55 евра. Бидејќи плаќањето се врши во српски динари, конечниот износ може благо да варира во зависност од курсот во моментот на плаќање. За да можете да ја платите котизацијата, потребно е да креирате профил. Доколку ви е потребна помош при регистрацијата, тука се упатствата: КАКО ДА КРЕИРАТЕ ПРОФИЛ.


Проектот е кофинансиран од Европската Унија. Изнесените ставови и мислења се исклучиво на авторите и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската Унија или на Извршната агенција за образование и култура на Европската Унија. Ниту Европската Унија, ниту телото што ја доделува поддршката не можат да сносат одговорност за нив.

Проектот е поддржан од: Национален фонд за култура на Бугарија, Министерство за култура на Словенија, Град Љубљана, Министерство за јавна администрација на Словенија, Министерство за култура и медиуми на Република Хрватска, Град Загреб, Министерство за култура на Романија, Министерство за култура на Република Северна Македонија.

Сподели