Одделот за танц при Филмската академија на Универзитет „Гоце Делчев“ објавува отворен повик за аудиции за упис во академската 2026/2027 година.
Делувајќи во Скопје и Штип, Одделот за танц продолжува со развојот на професионалното високо образование во областа на современиот танц, балетската педагогија, кореографијата, едукацијата и продукцијата, создавајќи можности за младите уметници да се развиваат во динамична академска и професионална средина.
Основан од проф. д-р Рисима Рисимкин, а предводен од доц. проф. Адријана Данчевска Ровчанин, Одделот нуди студиски програми кои обединуваат интензивна практична настава, теоретско знаење, креативно истражување и директна поврзаност со професионалната танцова сцена.
Достапни се следните студиски програми:
• Тригодишни додипломски студии по современ танц
• Четиригодишни додипломски студии по балетска педагогија
• Едногодишни / двегодишни магистерски студии по кореографија
• Едногодишни / двегодишни магистерски студии по едукација
• Едногодишни / двегодишни магистерски студии по продукција
Наставата се одвива од понеделник до петок, согласно официјалната студиска програма, и ја водат искусни професори и професионалци од областа. Во текот на академската година, студентите имаат можност да работат и со меѓународни гости-професори и кореографи преку резиденции, работилници и специјални проекти.
Важен дел од образовниот процес е поврзувањето на академската настава со професионалната практика. Студентите имаат можност да стекнат сценско искуство преку практикантска работа со Скопје Танцов Театар и учество во продукции поврзани со Танц Фест Скопје. Преку овој модел, студентите се запознаваат со професионални продукциски процеси и добиваат можност да настапуваат на национална и меѓународна сцена.
Одделот за танц одржува партнерства со танцови академии и високообразовни институции низ Европа и активно учествува во програмата CEEPUS, која во моментот поврзува седум европски танцови академии и универзитети. Дипломата се издава на англиски јазик и е меѓународно призната.
Услови за аплицирање
За додипломски студии, кандидатите треба да имаат завршено средно образование и да достават:
• Двеминутно соло танцово видео
• Биографија / CV
За магистерски студии, кандидатите треба да имаат завршено додипломски студии и да достават:
• Кореографско дело и/или showreel
• Биографија / CV
Сите кандидати треба да ги испратат апликациските материјали на:
adrijana.dancevska@ugd.edu.mk
Краен рок за аплицирање: 20 јули 2026 година.
Сите пријавени кандидати ќе бидат поканети на онлајн интервју пред донесување на конечната одлука за прием.
Аудицијата е бесплатна. Школарината изнесува 1.000€ годишно за странски студенти, а за домашните студенти според квотата во која се примени (приватна/државна).
За дополнителни информации, контактирајте:
Адријана Данчевска Ровчанин
Декан на Филмската академија – Оддел за танц
adrijana.dancevska@ugd.edu.mk



