Moving Balkans е платформа за современ танц која ги обединува танцовите организации од Балканот. Нашата цел е да го унапредиме и поддржиме современиот танц преку подигнување на јавната свест за неговото значење, продукција на танцови дела и организирање едукативни активности за танцовите професионалци од Балканот.

Преку отворениот повик ќе бидат избрани 10 дела од областа на современиот танц, кои ќе бидат претставени на првото издание на Moving Balkans Contemporary Dance Showcase (Регионална платформа за презентација на современ танц), што ќе се одржи во Љубљана (Словенија), Риека (Хрватска) и Загреб (Хрватска), во периодот од 10 до 13 мај 2025 година. На фестивалот ќе бидат претставени продукции од балканскиот регион, а учесниците ќе имаат можност за средби, размена на идеи, интеракција со публиката и танцовите професионалци, како и за вклучување во нова меѓународна уметничка мрежа.
Повеќе информации се достапни во информативниот документ и делот со најчесто поставувани прашања подолу. Пријавите треба да се поднесат преку Google Forms најдоцна до 2 јуни 2024 година, во 23:59 часот (CET).
За дополнителни прашања, ве покануваме да присуствувате на информативната сесија преку Zoom, која ќе се одржи на 8 мај 2024 година, во 16:00 часот (CET). Линкот за пристап до состанокот е достапен во информативниот документ.
ИНФОРМАТИВЕН ДОКУМЕНТ И НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Финансирано од Европската Унија. Изразените ставови и мислења се исклучиво на авторот/авторите и не мора нужно да ги одразуваат ставовите и мислењата на Европската Унија или на Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив.
Проектот е поддржан од: Националниот фонд за култура на Бугарија, Министерството за култура на Словенија, Град Љубљана, Министерството за јавна администрација на Словенија, Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска, Град Загреб, Министерството за култура на Романија и Министерството за култура на Република Северна Македонија.



