Кампања #DanceMattersEurope

Фотографија: CARCAÇA by Marco da Silva Ferreira © Cláudia Crespo

Професионалниот танц заслужува место во европската културна политика

Dance Festivals Network Europe, заедно со European Dance Development Network – EDN и Aerowaves, се здружуваат за да ја зголемат видливоста на современиот танц во европските културни политики.
Со приближувањето на преговорите за Multiannual Financial Framework (MFF) 2028–2034, ова е клучен момент да го засилиме нашиот заеднички глас.

Што е MFF?

MFF – Мултигодишна финансиска рамка е долгорочниот буџет на Европската Унија кој ги определува средствата за култура, мобилност и уметности низ Европа во повеќегодишен период.
Обезбедување видливост на културата, изведувачките уметности и танцот во наредните буџетски преговори значи обезбедување признание, ресурси и одржливи можности за уметниците, организациите и публиката.

Заедничка кампања: #DanceMattersEurope

Во тек е подготовка на координирана европска кампања под хаштагот #DanceMattersEurope, која ќе се спроведува преку:

🔹 дигитални канали и социјални мрежи
🔹 заеднички застапувачки акции
🔹 присуство на европски конференции и политички средби

Целта е да се истакне општествената вредност на танцот и потребата од стабилно јавно финансирање.

Заедно ќе ја лансираме координираната кампања #DanceMattersEurope – преку дигитални канали, застапувачки активности, европски средби и настани.
Нашата цел е да ја нагласиме вредноста на танцот во општеството и да обезбедиме долгорочна јавна поддршка и инвестиција во танцовото поле.

Приклучи се – додади го твојот глас

Ги покануваме партнерите, организациите и уметниците низ цела Европа да се приклучат:

📢 Споделувај ја иницијативата и охрабри други да се вклучат
🎥 Раскажи го твоето искуство и приказна, постави свој пост, мислење, фотографија или искуство
🔗 Кориси го хаштагот #DanceMattersEurope

Покажете дека танцот е важен дел од иднината на европската култура.

Што можеш уште да направиш?

Твојата поддршка е важна. Можеш да придонесеш преку:

  • Го поддржиш уметничкиот сектор во следниот ЕУ буџет преку поддршка на кампањата Ask, Pay, Trust на Culture Action Europe, каде културниот сектор настапува обединето
  • Го пополниш MFF прашалникот до 25 ноември 2025, преку кој Европската Комисија собира мислења за новиот финансиски предлог
  • Стапиш во контакт со Евро-пратеници до 1 декември 2025 и споделиш препораки и потреби за идниот европски буџет

Национална презентација и следни чекори

На 12 ноември, претставниците на Интерарт Културниот Центар, Рисима Рисимкин и Матеа Мијановиќ, официјално ја претставија кампањата пред Претседателката на Република Северна Македонија, која ја поддржа иницијативата и го истакна значењето на танцот во општеството. Дополнително, беше презентирано и Генералното Собрание на Мрежата на Танцови Фестивали во Европа (Dance Festivals Network Europe), кое во текот на Танц Фест во април 2026 ќе се одржи во Скопје — каде претставници на најголемите фестивали, организации и професионалци ќе се сретнат, ќе разменат идеи и заеднички ќе разговараат за иднината на танцот во Европа.

За партнерите

Aerowaves

Aerowaves е европска платформа за откривање и поддршка на нови танцови автори. Со мрежа од партнери во 34 земји, таа им овозможува на млади и изворни уметници да го претстават својот современ танц пред нова, интернационална публика.
Мисијата на Aerowaves е да идентификува свежи и перспективни танцови творци и да ги поддржи преку меѓународни гостувања, развој на танцова критика (Springback Academy & Magazine), развој на куратори преку Startup Forum и да поддржи нова генерација уметнички професионалци.

Dance Festivals Network Europe

DFNE ја истакнува единствената и суштинска вредност на танцот во општеството. Како динамична мрежа на танцови фестивали, таа создава партнерства што ја зголемуваат видливоста на танцот – на национално и транснационално ниво.
Мрежата ја покажува моќта на танцот да поврзува и комуницира преку јазични и културни граници, да создава соработка меѓу различни сектори, и да поттикнува интердисциплинарен раст и експериментирање.

European Dance Development Network – EDN

EDN е мрежа на организации за развој на танцот која се залага за посветена танцова инфраструктура ширум Европа. Со 55 членки во 29 земји, таа функционира како центар, медијатор и меѓународен поврзувач.
Мрежата активно учествува во креирање на политики, спроведува истражувања, ја поттикнува размената на знаење и го застапува танцовиот сектор како член на Performing Arts Coalition и Culture Networks Coordination Group.

Сподели