Јавен повик: Moving Balkans Showcase 2026 [Современ танц]

Moving Balkans Showcase 2026 | 13–16 мај, Нови Сад, Србија

Краен рок за пријавување: 10 јули 2025 година до 23:59 часот (CET)

Moving Balkans е платформа за современ танц која ги обединува танцовите организации од Балканот. Нашата цел е да го унапредиме и поддржиме современиот танц преку зголемување на свесноста, продукција на танцови дела и организирање на едукативни активности за танцови професионалци од регионот. Соработуваме за да ја поттикнеме уметничката мобилност, креацијата и оснажувањето преку развивање на капацитети, менторство и креативни синергии.

Второ издание на Showcase програмата

По успешното прво издание на Moving Balkans Contemporary Dance Showcase, одржано во Љубљана (Словенија), Риека (Хрватска) и Загреб (Хрватска) од 10 до 13 мај 2025 година, второто издание ќе се одржи во Нови Сад (Србија), од 13 до 16 мај 2026 година.
Фестивалот ќе претстави 10 продукции на современ танц и 6 презентации на Dance Scape проекти, нудејќи можност за средби, размена на идеи, интеракција со публиката и танцови професионалци, како и приклучување кон голема уметничка мрежа на регионално и европско ниво.

Повеќе информации за временската рамка и критериумите за подобност се наведени во ИНФО ЛИСТОТ и ЧПП документот (FAQ).

Пријавите треба да се поднесат преку Google Forms најдоцна до 10 јули 2025 година, во 23:59 часот (CET).

Онлајн информативна сесија

За сите дополнителни прашања, љубезно сте поканети да присуствувате на онлајн информативна сесија преку Zoom, која ќе се одржи на 11 јуни 2025 година во 16:00 часот (Линкот за состанок е наведен во инфо листот.)

Апликантите ќе бидат известени за резултатите од селекцијата во септември 2025 година.

Финансирано од Европската Унија. Изразените ставови и мислења се исклучиво на авторот/авторите и не мора нужно да ги одразуваат ставовите и мислењата на Европската Унија или на Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив.

Проектот е поддржан од: Националниот фонд за култура на Бугарија, Министерството за култура на Словенија, Град Љубљана, Министерството за јавна администрација на Словенија, Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска, Град Загреб, Министерството за култура на Романија и Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Сподели