Танц фест, под уметничко раководство на Рисима Рисимкин е формиран во 2005 година како единствен фестивал за современ танц во Македонија. Фестивалот од самиот почеток станува препознатлив по својот програмски квалитет и извонредната мисија и визија. Тоа е мост меѓу Македонија и светот, можност уметниците да комуницираат и место каде секој може да биде тоа што е.
Мисијата на фестивалот беше и се уште оди во насока на создавање силна врска со уметници од различни земји и култури и да им се даде можност да работат заедно. Тоа е терен на кој може да се направат двонасочни долготрајни врски во танцот.
Во последните 17 години, армија танчери поминаа на фестивалските сцени во Скопје, како Македонски народен театар, Македонска опера и балет, Младински културен центар, сцена Зебра, како и Народениот театар во Велес и Битола и Штип и во други градови во Македонија.
Компании како Холандскиот танцов театар, Скапино балетот од Ротердам, Галили танцовата компаниј, Ротердамската танцова академија од Холандија; Национални балети од Лисабон, (Португалија); Печ, (Унгарија); Белград, (Србија); Љубљана, (Словенија); Истанбул, Анкара, Анталија, Измир (Турција); Марта Греам танцовата компанија од Њујорк, Меган Бриџ со „Фриџет танцовата компанија“, Кристина Бонансеа, Батери танцовата компанија и танцовата компанија „Филаданко!“ од САД; Танцовата компанија „Кафиг“ на Мурад Мерзуки, Покемон танцовата компанија, кореографот Амала Дианор и танцовата компанија „Реалите“ од Франција; Државен балет на Хилдешајм и танцовиот проект „Steptext“ од Германија; Компанијата на Кацура Кан од Јапонија; Театарот „Бели“ од Санкт Петербург, Русија; „ARA“ танцовата компанија од Рига, Латвија; Националната опера и дрмски театр од Пекинг, „Dragon Kung Fu“ танцовата компанија и „Nine Contemporary Dance Company“ исто од Пекинг, Кина; Загребскиот танцов театар од Хрватска; Националниот балет и Скопје танцов театар од Македонија; танцова компанија на Универзитетот за уметности во Цирих, Швајцарија , Љубљанскиот танцов театар од Словенија и други ја претставија својата работа во рамки на фестивалот и извршија силно влијание врз развојот на современата танцова сцена во Македонија.
Управниот одбор на фестивалот, кој е составен од врвни уметници, интелектуалци и новинари, ја доделува наградата „МЕНАДА“ за животно дело во областа на танцот, во чест на сите големи танчери кои оставиле свој белег во еволуцијата на балетот и танцот како уметничка форма во Македонија. Добитници на оваа награда се основачите на Националниот балет: Горѓи Македонски, Натка Пенушлиска, Олга Милосавлева, потоа Ирена Ветерова, Татјана Петковска, Елисавета Кушовска, Екрем Хусеин, Емилија Џипунова и Јагода Сланева, но и значајните имиња на светската танцова сцена како Владимир Василиев, балетската легенда на 20 век; Градимир Панков, уметнички директор на „The Grand Ballets Canadiens“; Ханс ван Манен, еден од најголемите кореографи во областа на модерниот балет на светската сцена; Милко Шпаремблек, исклучителен кореограф од Хрватска со светско реноме; Дидие Дешамп, Франција; Жао Кси, Кина; Џоан Мајер Браун, САД; Каролин Карлсон, Франција/САД и Марта Греам, САД.
Од 2014 година Танц фест во својата програма го вклучува и Меѓународниот натпревар за млади кореографи „ТАНЦЛАБ“ и привлекува многу млади кореографи од Европа и цветот. Конкурсот е биенален, а неговото жири го сочинуваат значајни експерти од целиот свет.
Дел од дополнителната програма на фестивалот е првата „Танцова парада“ во Македонија со повеќе од 1000 учесници на улиците на Скопје, која се одржа во 2010 година, многу работилници за танчери и кореографи, работилница за современ танц со над 100 учесници од цела Македонија во 2013 година, конференции за танц, промоции на книги за танц, програми на „Dance Screen“ итн.
Танц фест во повеќе наврати пати се појави на насловните страници на светски познатите списанија за танц, како што се „Dance Europe“ и „Dance for you“, а фотографии од настапи и настани објавуваат и меѓународни новински агенции како Getty images, Reuters и други.